Онлајн акцелераторската програма: Основачите на најдобрите бизнис идеи ќе добијат грантови од 20.000 евра

од Берта Китинска
307 прегледи

Основачите на најдобрите бизнис идеи кои учествуваа во онлајн акцелераторската програма за почнување бизнис организирана од ПСМ Фондација, добија финансиски средства со вкупен фонд од 20.000 евра, односно пет грантови по 4.000 евра.

Беровко Дооел, основач Душица Крстеска – Производство на домашни џемови, сирупи и безглутенски тестенини, Анти стрес соба, основач Горан Бошковски – Специјализирана просторија за ослободување од стрес и задоволување на адреналински потреби, 19 Мотор М, основач Мартин Спасовски – Развој и производство на електричен мотор, Камера Обскура, основач Нена Минчев – Центар за медиуми и забава- креативен простор за соработка, продукција, изложби и аудио-визуелни проекции, како и Маткасе Дооел, основач Васја Петковска – Услуга за испорака на комплети со рецепти за јадење (meal kits), се петте најиновативни идеи што добија поддршка за почнување сопствен бизнис.

Според ПСМ, акцелераторската програматраеше од април до јуни 2020 година, а имаше за цел да овозможи поддршка на млади лица од 18 до 35 години кои имаат идеја за почнување сопствен бизнис.

За учество во програмата аплицираа вкупно 250 лица од целата земја.

Програмата се содржеше од пет фази: предакцелераторска програма во чии рамки беа организирани два вебинара на теми „Генерирање бизнис идеи“ и „Решавање проблеми и бизнис канвас“, подготовка на бизнис канвас – учесниците изработуваа бизнис канваси за своите идеи, селекција на најдобрите бизнис идеи – 50 учесници изработија бизнис канваси и аплицираа во следната фаза, каде најдобрите 10 бизнис канваси беа избрани да преминат во следната фаза на изработка на бизнис план, акцелераторска програма за изработка на бизнис план (се одржа еден вебинар на тема „Изработка на бизнис план“ и менторски сесии за 10 учесници за изработка на успешен бизнис план), бБизнис план натпревар и доделување на грантови – наградени 5 најдобри бизнис идеи со по 4000 евра поддршка за почнување на бизнисот.

Активностите се дел од проектот БалканМед ИННОВА, финансиран од Европската унија.

Слични содржини