Онлајн петиција против пушење во затворен простор

од Aleksandar Petrovski
426 прегледи

Над 5.000 граѓани ја потпишаа онлајн петицијата со која се бара да запре пушењето во затворени простори.

„Да се врати законот против пушење во затворен простор во функција, доста е труење од туѓите лоши навики, доста е усмрдување на облека, коса и тело од чадови! Се работи за вашето и нашето здравје! Се работи за здравјето на нашите деца“, пишува во петицијата која е активна од вчера.

Во 2018 година, пратениците во Собранието ги изгласаа измените и дополнувањето на Законот за заштита од пушењето, со кој се избриша ставот кој го дефинира просторот за пушење надвор од угостителските објекти, по што беше дозволено да се пали цигара на тераси, независно дали се затворени или отворени.

Слични содржини