Онлајнмедиа: СДСМ непотребно ги етикетира медиумите

„Како здружение на онлајн медиуми, уште еднаш ја упатуваме СДСМ доколку смета дека некој медиум ја „преминал линијата“ да се обрати до соодветните регулаторни тела и до соодветните институции“

од Vladimir Zorba
18 прегледи

„Правењето „државни непријатели“ од медиумите кај кои на некој од СДСМ не му се допаднал насловот е вршење притисок врз медиумите и нивно непотребно етикетирање.

Како здружение на онлајн медиуми, уште еднаш ја упатуваме СДСМ доколку смета дека некој медиум ја „преминал линијата“ да се обрати до соодветните регулаторни тела и до соодветните институции. Во спротивно, начинот на кој се обраќа и комуницира со медиумите ќе стане начин на обраќање и комуницирање на медиумите со СДСМ.

Во конкретниот случај, со насловите од кои едниот медиум е објавен од СДСМ, а другиот не, и повлекувањето паралела за некаков заговор против партијата, како здружение не гледаме ништо спорно. Медиумите имаат уредувачка слобода да креираат наслови, а СДСМ доколку смета дека нешто во тие наслови е лага или навреда, може да покрене постапка за што стоиме на располагање“, се вели во реакцијата на Онлајнмедиа.мк.

Слични содржини