Опаѓа бројот на новозаразени во Србија

од Nikola Popovski
296 прегледи

Во Србија, во последните 24 часа се потврдени 2.074 нови случаи на коронавирус, а 39 лица починале.

Како што е објавено на официјалната веб-страница „Kovid 19“, од последниот пресек се тестирани 9.282 примероци.

Во болниците има 8.534 пациенти, од кои 283 се на респиратор.

Од почетокот на епидемијата, во Србија биле заразени 339.997 лица, од кои 3.250 починале. Досега се тестирани 2.305.585 лица. Стапката на смртност е 0,96 проценти.

Слични содржини