Опаѓа интересот за имунизација, иако Македонија има 350.000 вакцини со важност до крајот на годината

од Nikola Popovski
201 прегледи

Министерот за здравство Беким Сали информираше дека во моментов земјава располага со 350.000 вакцини против коронавирус, со важност до крајот на годината. Според него, обврска на МЗ е во континуитет да обезбедуваат вакцини од светски реномирани производители коишто задолжително исполнуваат строги критериуми за квалитет потврдени и регистрирани во МАЛМЕД.

Сали појасни дека бројот на лица кои се вакцинираат по втор пат или трет пат, на неделно ниво е околу 1000.

-Се согласуваме сите дека е опаднат интересот поради опаѓање на бројот на новозаразени. Сите 350.000 вакцини со кои располагаме се донации од пријателски земји како Италија и Хрватска. Моментално располагаме со доволно вакцини. Ние како држава мора да обезбедиме постојано доволни количини, рече Сали на примопредавањето на опрема набавена преку европскиот гранд EU4HEALTH.

Слични содржини