Опаѓаат ковид-бројките: За три дена 179 новозаразени и двајца починати

од Nikola Popovski

Во последните 3 дена (од 09.09 до 11.09.2022) направени се 1 286 теста, а регистрирани се 179 нови случаи на Ковид-19, информира Министерството за здравство.

Билансот изнесува: Скопје – 94, Битола – 16, Куманово – 11, Прилеп, Кавадарци, Велес и Неготино – по 6, Штип и Делчево – по 5, Охрид и Кочани – по 4, Тетово и Берово – по 3, Гостивар и Крива Паланка – по 2, Струмица, Ресен, Радовиш, Валандово, Кратово и Демир Хисар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 36 реинфекции.

Регистрирани сe 347 оздравени пациенти од: Скопје – 215, Битола – 22, Кавадарци – 14, Велес – 11, Куманово и Тетово – по 10, Прилеп – 9, Охрид – 8, Берово, Гостивар и Гевгелија – по 6, Кичево и Свети Николе – по 5, Кочани и Струмица – по 4, Штип – 3, Богданци и Македонски Брод – по 2, Крива Паланка, Радовиш, Кратово, Струга и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите три дена пријавени се две починати лица, по едно лице од Скопје (79) и Валандово (86), и двете починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се регистрирани четири починати лица, по едно починато лице од Скопје, Битола, Охрид и Крушево, на возраст од 71 до 89 години. Три лица се починати во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови, а за починати се пријавени во период од 25 август до 01 септември 2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2 158 164 тестирање на ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341 583, бројот на оздравени пациенти е 331 213, на починати е 9 512, а бројот на активни случаи изнесува 858.

Слични содржини