Опасен предизвик на ТикТок се шири меѓу младите – десетина завршиле во болница со скршеници

од Nikola Popovski
204 прегледи

За четири дена најмалку 11 деца завршиле во Универзитетската болница за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје со различни повреди и скршеници по прифаќањето на предизвикот „Супермен“ што се споделува на ТикТок.

Т.н. предизвик кој е опасен, но популарен меѓу средношколците, но и меѓу постарите деца во основните училишта, се состои од следново: повеќе млади креваат во воздух нивен другар кој има испружена рака како да е Супермен, но играта станува сериозна кога потоа го остават да падне на земја.

Од болницата „Св. Наум Охридски“ информираат за скршеници на екстремитети, ребра, разни набиеници со кои учениците стигнале до медицинската установа, според кои повредите може да имаат многу посериозни последици по здравјето на децата. Состојбата кај сите нив е стабилна и се пуштени на домашно лекување.

-Во СВР Скопје во 13 часот Ф.Д.(32) од село Пакошево, општина Зелениково, пријавил дека на 03.12.2024 околу 12.30 часот, по завршување на часовите, во близина на основното училиште во село Зелениково, скопско, во кое учел, неговиот осумгодишен син се здобил со тешка телесна повреда при игра со соучениците, информираа од МВР за еден од случаите.

Во светот досега повеќе пати интервенирале медицински тимови. Па така, во Романија во тек на еден ден имало неколку интервенции од итната медицинска помош, а во Израел 19 деца завршиле во болница. Дел од нив се здобиле се скршеници на рацете и нозете, па дури и губење на свеста.

@hln_be

♬ News24 News / Incident / Suspense(900452) – Kei

Слични содржини