Авионот А321, кој влезе во историјата на руската цивилна авијација со најголемата катастрофа досега имал дефекти во делот на опашката, пренесе РИА Новости.

Дефектот бил добиен во 2001 година, кога авионот и припаѓал на друга авиокомпанија. На лет Бејрут-Каиро, при слетување авионот ја допрел пистата со опашката и добил оштетување.
CNN јавува уште и за други инциденти и несреќи со авиони на “Когалимавиа”.Пилотот на Ербас А321, кој се урна во северниот дел на Синајскиот Полуостров, три месеци пред несреќата прекинал друго полетување поради системски технички проблеми. Откако свртел со поголема брзина на патеката, тој бил принуден да ја намали, соопштува РИА Новости, повикувајќи се на египетски авиотехничари.
Специјалистите кои ја имаат прегледано техничката состојба на авионот пред полетувањето од Шарм ел Шеик во саботата ја оцениле како позитивна. Но според зборовите на авиотехничарите, три месеци пред несреќата авионот бил “блиску до несреќа”.
Федералната служба на Русија за контрола на транспорт (Ространснадзор) и нареди на авиокомпанијата “Когалимавиа” да ги запре летовите со авиони”Ербас 321″, додека не бидат разјаснети причините за вчерашната несреќа во Египет и додека таа не ги преземе потребните мерки за подобрување на безбедноста на летовите, соопшти ТАСС.
Никогаш немало проблем со моторите на авионите А321 кои се експлоатирани од “Когалимавиа”. Тоа пак го изјави поранешниот генерален директор на авиокомпанијата Сергеј Мордвинцев, пренесе РИА Новости.