Опасно е ако на Балканот се пролее крв- се грижам за Македонија

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Се разбира дека се грижам за ситуацијата во Македонија. Ако на Балканот се пролее крв, станува опасно”, рече во Благоевград потпретседателот на ЕК и еврокомесар за буџет во финансии Кристалина Георгиева.

0000263775-article2

Георгиева и министерот за образование и наука Тодор Танев беа гости на 21-та церемонија по повод дипломирањето  на студентите на Американскиот универзитет. посочи

“Треба да се потпираат на здравиот разум, видовме дека се презедоа мерки, вклучувајќи и оставки,  но треба  да се процени комплексноста на проблемот и ситуацијата во Македонија  за да се смири. Комесарот Хан е таму и е во постојан контакт со владата и опозицијата. Ние  сме за седнувањето на маса на вистински преговори “, изјави Георгиева.

Таа уверува  дека ќе има независна истрага за инцидентот во Куманово. “Но, сепак Македонија е независна земја и таа сама треба да се одлучи кој е најдобар пат за решавање на овие внатрешни проблеми. Ние имаме многу голем интерес од мир и безбедност на Балканот “, коментира уште Георгиева.