Опасност од искривено дрво во „Жена парк“, ЦУК ги извести „Паркови и зеленило“ и Град Скопје

од Nikola Popovski
183 прегледи

Денеска, по добиена пријава од граѓани, Центарот за управување со кризи (ЦУК) ги известил ЈП „Паркови и зеленило“ и Град Скопје и побарал итно отстранување на дрвото што е исушено, пукнато кај коренот и опасно навалено пред паѓање кај Градскиот трговски центар во паркот „Жена – борец“ во центарот на Скопје.

-ЦУК ја следи ситуацијата за решавање на случајот преку Секторот за операции и координации и Регионалниот ЦУК Скопје, од каде што преку постојано дежурните оперативци и се решаваат ваквите и слични случаи според стандардните оперативни процедури, како и за секој пријавен случај или итна ситуација што не е во доменот на Полицијата, Противпожарната служба и Итната медицинска помош, велат од Центарот.

Слични содржини