Глобална киберзакана може да предизвика сериозни проблеми на околу 10.000 организации во светот. „Мајкрософт“ објави дека неговите сервери SharePoint станале цел на голем хакерски напад и ако не ја инсталираат новата закрпа, многу организации може да станат цел на злобни хакери.
Станува збор за „безбедносна дупка“ преку која се извршил нападот и преку која може да се вршат нови напади кај корисници на сервисот, па затоа експресно е изработена закрпата. Односно, опасноста трае уште од првите напади и инсталирањето на закрпата е најдоброто можно решение што може да го применат корисниците на серверите, односно на системот што овозможува размена на документи и далечинска соработка во живо.
Агенцијата за кибербезбедност и инфраструктурна безбедност на САД (CISA) потврди дека проблемот дозволува на напаѓачите не само да пристапат до интерни документи и поставки, туку и можност далечински да активираат и да управуваат со злонамерен код.
Се смета дека под најголема закана се компании и институции во САД, Холандија, Велика Британија и Канада, но и во Азија.
Досега се регистрирани напади на сојузни и државни агенции во САД, универзитети, енергетски и телекомуникациски компаниии.