ОПЕК и Русија преговараат за покачување на цената на нафтата

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Лидерите на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) заедно со претставници на Русија и на други држави производители на енергенсот денеска одржуваат средба до Виена, на која се разговара за намалување на дневното производство на „црното злато“, со цел да се зголеми неговата цена.

– Постапката за ребалансирање трае веќе премногу долго и ние не можеме да го прифатиме ризикот и натаму да се занимаваме со минимални корекции, изјави генералниот секретар на ОПЕК, Мохамед Баркиндо во воведното обраќање на собирот, кој првично беше најавен како состанок на техничко ниво.

The OPEC flag and the OPEC logo are seen before a news conference in Vienna, Austria, October 24, 2016.   REUTERS/Leonhard Foeger

The OPEC flag and the OPEC logo are seen before a news conference in Vienna, Austria, October 24, 2016. REUTERS/Leonhard Foeger

Претставниците на руската делегација пред почетокот на средбата одбија да дадат каков било коментар, но веројтно ќе се согласат на намалување на дневното производството на нафта, имајќи пред виде дека наодамна тоа го најави и претседателот на Русија, Владимир Путин.

Приклучувањето на Русија кон евентуалната одлука на ОПЕК за намалување на експлоатацијата на нафта, е од клучно значаење, од причина што земјата е најголем светски производител на енергенсот по Саудиска Арабија, која веќе почна да ги чувствува последиците од ниската цена на „црното злато“.

Од друга страна Иран најави дека нема да го намали своето производство на нафта, обидувајќи се да се справи со последиците од неколкугодишното нафтено ембраго, кое му беше укинато во јануари годинава по договорот за иранската нуклеарна програма.

Ирак, исто така, најави дека нема да се согласи на намалување на нафтеното производство, правдајќи ја ваквата своја одлука со фактот дела земјата „води воја против џихадистичката група Исламска држава (ИД)“.

Аналитичарите проценуваат дека ваквите ставови на Иран и Ирак би можеле да ги поткопаат напорите на ОПЕК и Русија за постигнување договор за намалување на производството на нафта.