ОПЕК+ постигна прелиминарен договор за зголемување на производството на нафта за 548.000 барели дневно од септември, соопштија три извори, јави „Бизнис Инфо“.
Одлуката се очекува на виртуелен состанок закажан за денеска, бидејќи САД го зголемуваат притисокот врз Индија да престане да купува руска нафта, како дел од напорите на Вашингтон да ја натера Москва да седне на преговарачка маса за постигнување мировен договор со Украина.
ОПЕК+ вклучува 10 земји кои не се членки на ОПЕК, а кои се производители на нафта, од кои најзначајни се Русија и Казахстан.