756
Возило од марката „Опел“ ноќеска влетало во нотарска канцеларија која се наоѓа во Автокоманда.
Засега нема информации за повредени но од фотографиите кои што можат да се видат на социјалните мрежи се гледа дека канцеларијата е уништена.
Вчера граѓаните беа сведоци на слична сцена во центарот на Градот, кога автомобил влета во кафуле во зградата „Тифани“.