Опелото за загинатиот бизнисмен Душко Чифлиганец ќе се одржи утре во црквата што ја изгради неговото семејство

од desk2
38 прегледи

Посмртните останки на трагично загинатиот Душко Чифлиганец утре (среда) од 14 часот ќе бидат изложени во православниот храм „Свети Јован Крстител“ кај мостот Близнаци во Ново Лисиче.

Во црквата изградена под киторство на семејството Чифлиганец, опело ќе служат свештени лица предводени од поглаварот на МПЦ – ОА, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.

Семејството Чифлиганец изразува огромна благодарност за изразеното сочувство од многубројните граѓани, пријатели, роднини и соработници од Македонија и надвор од државните граници.

На 3 август 2025, на 32 години, Душко Чифлиганец (1993–2025), го загуби животот во спортска сообраќајна несреќа.

„Адора“ објави омаж за Чифлиганец: „Душко ќе остане запаметен како визионер и лидер со јасна цел“