„Опенхајмер“ доби најмногу номинации за наградите Бафта

од Vladimir Zorba

„Опенхајмер“ на Кристофер Нолан, „Кутрите нешта“ на Џорџ Лантимос, „Убиства под цветната месечина“ и „Зона на интерес“ на Џонатан Глејзер водат во номинациите за наградите Бафта што штотуку беа објавени во Лондон.

„Опенхајмер“, очекувано, има најмногу номинации, дури 13, а веднаш зад нив се „Кутрите нешта“ со 11 и „Убиство“ и „Зона на интерес“ со по девет.

Официјалната церемонија на доделување на наградите Бафта ќе се одржи на 18 февруари, а ова е листата на номинации:

За најдобар филм номинирани се „Анатомија на падот“, „Холдоверс“, „Убиства под цветната месечина“, „Опенхајмер“ и „Кутрите нешта“.

Слични содржини