Утревечер со изведба на операта „Боеми“ ќе се отвори 46-то издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“.

Во реализација на оваа опера од Пучини учествува целосно македонска солистичка екипа – главните улоги на Родолфо и Мими ќе ги пеат Ѓорѓи Цуцковски и Благица Поп Томова, а ќе ги чуеме и Горан Начевски (Марчело), Ристе Велков (Шонар), Катерина Стојановска (Мизета) и др. Режисер е Дејан Прошев, сценографијата е на Зоран Николовски, а костимите на Марија Пупучевска. Диригент е Џанлука Мартиненги од Италија.