197
Албанскиот премиер Еди Рама утрово бил подложен на хируршка интервенција во болницата „Мајка Тереза“ во Тирана, каде што му е оперирано слепото црево, објави порталот Albanian Daily News (ADN).
Прес-службата на албанскиот премиер соопшти дека „по повеќекратните тестови“ во Универзитетскиот болнички центар „Мајка Тереза“, лекарите констатирале акутно воспаление на слепото црево, наведе ADN.
По препорака на лекарот од итната помош, премиерот во раните утрински часови бил опериран поради воспалено слепо црево, операцијата била успешна, а неговата здравствена состојба е стабилна, соопштија од кабинетот на Рама.