17
Централниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Лени Јоро ќе паузира во следните три месеци, соопштија од премиерлигашот.
18-годишниот играч беше опериран на ногата по повредата што ја заработи на минатомесечниот дуел со Арсенал.
На истиот натпревар одигран во САД, центарфорот Расмус Хојлунд исто така се здоби со повреда на бутот и ќе биде надвор од терените шест недели.
Во јули, Манчестер Јунајтед го потпиша Јоро од францускиот Лил на петгодишен договор.