Опериран таткото на Новак Ѓоковиќ

од Симе Стоиков

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, беше успешно опериран откако во неделата се здоби со две скршеници.

Ден потоа беше опериран на одделот за ортопедија, пренесува Новости.

Таткото на Новак Ѓоковиќ во неделата доживеа несреќа и во таа прилика го повреди рамото и се здоби со фрактура на коската на надлактицата, поради што е хоспитализиран во Ургентниот центар на Србија.

„Блиц“ наведува дека причина за повредите е пад од стол додека Ѓоковиќ ги хранел птиците.

Новак веднаш по веста отишол во Ургентниот центар за да биде со својот татко. Популарниот Ноле моментално е во Белград каде се подготвува за Мастерсот во Рим.

Слични содржини