Џил Бајден, првата дама на САД, беше оперирана во Вашингтон, но Белата куќа не откри поради што.
Белата куќа објави дека првата дама на САД и сопругата на претседателот Џо Бајден (79), Џил Бајден (69) била подложена на операција и дека таа добро ја поднела операцијата, но не е откриено од што страда и за каква операција станува збор.
Како што беше исто така наведено, шефот на САД цело време бил со неговата сопруга во болница, а таа исто така била пуштена многу бргу од таа медицинска установа.
– Првата дама добро го издржа медицинскиот зафат и се врати во Белата куќа за да продолжи со својата вообичаена програма – изјави нејзината директорка за комуникации, Елизабет Александар, без да зборува за деталите за здравствената состојба на Џил Бајден.