Два дефекти во РЕК Битола во само три дена, скап увоз на електрична енергија, ненабавен јаглен за термоцентралите, се главните причини заради кои Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) апелира граѓаните да ја штедат електричната енергија.
Од таму на прашање на „Локално“ дали ќе апелираат на штедење, ги повикаа ЕВН, граѓанскиот сектор и сите надлежни институции, да започнат поголема кампања за заштеда на енергијата.
-Енергетската криза наметнува уште поголемо внимание од сите корисници на електричната енергија па и на потрошувачите. Во овој момент е потребна уште поголема кампања за заштеда на електричната енергија која треба да ја спроведуваат ЕВН, граѓанскиот сектор и сите релевантни иснтитуции. Користењето на електрични уреди кои штедат енергија, користење на алтернативни извори на енергија за загревање на домовите, исклучување на уредите кои трошат електрична енергија, а не се користат во моментот во домот и сл, се начините на кои потрошувачите ќе ја намалат сметката за електрична енергија и ќе придонесат за заштеда на енергија, велат од Организацијата на потрошувачи на Македонија.