Полицијата информира за запален автомобил во Скопје во текот на вчерашниот ден.
-Синоќа во 22:20 часот во полициската станица Гази Баба, Е.Ѓ.(51) од Скопје пријавила дека на ул.„Коце Металец“ настанал пожар во нејзиното патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема, стои во билтенот на МНР.
Увид ќе се врши во текот на денот.