Ноќеска било запалено возилото што го користел градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, а кое е во сопственост на неговата сопруга, Фатима Османовска.
Според информациите, инцидентот се случил во утринските часови, при што нема повредени лица.
„На 17.03.2026 во 03:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф.О.(37) од Скопје. Според пријавеното, сопствениците на безбедносните камери забележале едно маскирано лице кое истурило течност на возилото, по што веднаш се запалило возилото. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје“ соопштија од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.