Опожарена платформата за набљудување кај Смоларските водопади

од Nikola Popovski
110 прегледи

Струмичката противпожарна служба информира дека во текот на вчерашниот ден, околу 18.00 часот, била запалена платформата за набљудување кај Смоларските водопади при што пожарот брзо ја зафатил блиската шума на исток кон Беласица.

ТППЕ Струмица веднаш испратиле две противпожарни возила и шест пожарникари-спасители на местото на пожарот.

-Успешно беше спречено неговото ширење кон околната шума и прераснување во поголем шумски пожар, појаснуваат од Противпожарната служба.

Оттаму апелираат да се внимава, со оглед дека поради неповолните климатски фактори(високи температури и сушен период) постои голема опасност од предизвикување на пожари. Бараат да не се пали оган на отворен простор.

Слични содржини