Опожарениот автобус е отстранет од автопатот „Струма“

од Nikola Popovski
239 прегледи

Опожарениот автобус, во кој загинаа 45 македонски граѓани, е отстранет од автопатот „Струма“ во Бугарија, при што остатоците од превозното средство биле префрлени под силно полициско присуство.

-Автопатот Струма во правец кон Софија е пуштен за сообраќај, соопшти тамошната Агенција за патна инфраструктура, објави „БТА.бг“.

Незапаметена трагедија се случи синоќа околу два часот по полноќ во Бугарија. Под се уште неутврдени околности, на автопатот се запали автобус кој превезувал државјани на Македонија, на враќање од екскурзија од Турција. Загинаа 45 лица, главно деца и млади луѓе, додека само седум успеаја да се спасат, по што се хоспитализирани во болница во Софија.

Слични содржини