Опожарено уште едно возило во Прилеп, трето во последните три недели

од Nikola Popovski
236 прегледи

Ново опожарено возило во Прилеп, откако синоќа околу 1 часот по полноќ на улица „Киро Нацевски Фетак“ било запален автомобил марка „пежо“, со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Р.Н. (65) од Прилеп. Според информациите, станува збор за семејно возило на лице вработено во општина Прилеп.

Пожарот бил изгаснат од страна на територијалната противпожарна единица Прилеп. Нема повредени лица.

Ова следува откако вчера изутрина беше запален автомобилот на пратеникот Петар Ристески. Полицијата уапси едно осомничено лице.

-Очигледно е дека на некому му пречат моите ставови, моите активности како пратеник во Собранието. Нема никој ниту да ме поколеба, ниту да ме уплаши во она што сум го зацртал, во моментот гледате се зборува за отворање на Уставот, кажав јасно и гласно и тогаш и по цена на мојот живот нема да го сменувам мојот став, сега уште помалку, изјави вчера Ристески пред медиумите.

Пред три недели изгоре и автомобилот на директорот на ЈКП “Koмуналец” од Прилеп.

Слични содржини