Точката за самораспуштање на парламентот е ставена на дневен ред на парламентот., кој претходно го напушти опозицијата и најави дека ќе ги бојкотира изборите до колку на овој начин се настапува од позиција на надгласување и надвор од пржинскиот договор.

Пратеничките групи на ВМРО ДПМНЕ и на ДУИ ја иницираат точката за самораспуштање на парламентот, заради како велат, надминување на политичката криза.
Пратеникот Павле Трајанов предупреди дека не е спорно самораспуштањето но според него на овој начин се кршат роковите предвидени со Уставот порадии што побара од претседателот на Собранието да ги пошитува роковитеи да не се крши Уставот.
Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски, реплицира дека вакво гласање со одложено спроведување не го крши Уставот и имале такви практики и претходно. Трајанов реплицира дека ова е упад во уставното уредување на Македонија.
Во тек е дебата во парламентот за самораспуштање на парламентот
Претходно беше усвоена и оставката на премиерпт Никола Груевски
Спикерот Трајко Вељаноски рече дека на седницата биле поканети претседателот Иванов, премиерот Никола Груевски и членовите на Владата но премиерот известил дека нема да ја образложи дополнително оставката,
Процедурално, координаорот на Пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески се обрати од собраниската говорница и кажа дека македонските граѓани цели 10 години го чекале овој ден.
– Јасно е дека доаѓа крајот на оваа криминална власт. Оставката е потврда дека во изминатиот изборен циклус се случуваа изборни грабежи. На Груевски му треба медиумски мрак и непрочистен Избирачки список. За СДСМ не се прифатливи избори без прочистен список и регулација на медиумите, рече Сугарески.
По обраќањето, опозициските пратеници Горан Сугарески, Софија Куновска, Стефан Богоев и Васко Ковачевски ја напуштија салата, додека во салата остануваат владејачкото мнозинство, вклучително и ДУИ, кои стојат зад одлуката на ВМРО ДПМНЕ за самораспуштање.