Опозициските кампери си одат дома

од desk3
98 прегледи

 

кампери
Кампот пред Влада ќе се растури во раните утрински часови. Затворањето на кампот уследи по одуката на раководството на СДСМ, а одлуката на камперите им ја пренесе лидерот на партијата, Зоран Заев. „Камперите испратија порка дека диктатор може да поднесе оставка без да падне капка крв од неговото заминивање. На овој простор се одржа најголемиот натпартиски собир во историјата на Македонија и тука е поставен темелот на слободата“, изјави Заев во вечерашното обраќање во кампот пред Владата. Тој рече дека секоја наредна власт која ќе работи во објектот пред кој беше поставен кампот, секогаш пред себе ќе треба да го има на ум токму тој симбол на слободата. Антивладиниот камп беше поставен на 17 мај.