Министерот за надворешни работи, Бујар Османи смета дека минатото лето многумина очекуваа дека Албанија ќе побара разделување од С. Македонија на патот кон ЕУ и дека Албанија ќе почне со тактизира со Бугарија за своја предност.
-Тоа што го направи Албанија е за почит. Силната позиција на Рама кон Бугарија беше некогаш посилна и од нашиот тон и сме му благодарни што не тактизираа за својата позиција. Тоа е знак на големото пријателство и доверба. Не е фер да ѝ бараме на Албанија да застане и да не продолжи, доколку не ги спроведеме уставните измени. Процесот е индивидуален, кажа Османи како одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата со министерката за надворешни работи на Албанија, Ољта Џачка.
Министерот одговори и на прашање околу средбата на германската шефица на дипломатијата Аналена Бербок со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.
-Кога ќе почне јавната дебата за уставните измени и ќе се предложат амандманите, не само партиите, туку и граѓаните ќе се убедат дека е техничко потврдување на спомнатите заедници во нашата Преамбула. Овие уставни измени значат само потврдување. Околу уставните амандмани е создадена една аура од конспирации што може ова да доведе како ризик за нацијата и идентитетот. Полека ќе се разголи целата оваа пропаганда. Не се остапува од заложбите на државата и нема да се загрози државата, туку ќе им го одземе алибито од раката дека тука се дискриминираат граѓаните, вели Османи и додава дека не треба да плаши процесот.
-Партиите го злоупотребуваат стравот на граѓаните само заради партиски цели. Немаат ниту еден аргумент зошто се против. Сакам да ги видам на телевизија и да дебатираат тие што се против – зошто Македонците и земјата ќе се загрозат ако во Уставот и со име се спомнуваат тие што веќе се спомнати, појасни шефот на македонската дипломатија.