289
Денеска ВМРО-ДПМНЕ ќе доржи повторно протест во главниот град со почеток во 17,30 часот пред спортските сали „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“ од каде со автомобили кон Владата ќе се движат учесниците во протестот.
Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски бара поголема поддршка од народот за да се запре Зоран Заев да продолжи да ја продава Македонија.
“ВМРО-ДПМНЕ го носи тој бајрак на слободата и е во првите линии, но штитот мора да сме сите ние, целиот народ. Ако не сме единствени и подготвени да се спротивставиме, тогаш Заев ќе продолжи да продава. Треба да се случи народ за Заев да престане да продава”, вели Мицкоски во пораката со која повикува на денешниот протест.