Се очекува во понеделник албанската опозиција да го достави текстот на Законот за државјанство до координаторите на парламентарната група на мнозинството за да го разгледаат.
„Ние како коалиција ја завршивме нашата работа, ја завршивме конечната драфт верзија на предлог законот и ќе ја доставиме до парламентарната група на владиното мнозинство“, истакна Ељми Азири.
Премиерот Заев пак, изјави дека законот треба да се достави до МВР за да го разгледаат експертите.
„Ние како пратеници го доставуваме во Собрание во работните групи со кои сме работеле. Потоа е нивна обврска да го процесираат. Вистина е дека МВР е матична институција која се занимава со процесирање на државјанствата и претпоставувам дека од тука произлегува изјавата на премиерот Заев“, посочи Ељми Азири.
Наместо тројца сведоци како што предложи опозицискиот албански блок, како доказ да бидат 15 документи од кои граѓанинот доволно е да поседува само еден и тој да важи како доказ да добие државјанство.
Откако страните ќе го разгледаат законот, се очекува да се одржи средба меѓу Села, Гаши и премиерот Заев, за да се запечати ова прашање.