Опра Винфри тврди: Кралицата не била загрижена за бојата на кожа на детето на Хари и Меган

од Nikola Popovski

По интервјуто со британскиот принц Хари и Меган Маркл, Опра Винфри гостуваше во една емисија за да раскаже нешто повеќе за најшокантните детали.

По тој повод, таа се осврна на една од најинтересните изјави – онаа во која споменува како „член на кралското семејство го поставил прашањето каква ќе биде бојата на кожата на нивниот син Арчи“.

Имено, Меган Маркл ѝ кажала на Опра Винфри дека во кралското семејство постои „загриженост за тоа колку ќе биде темна кожата на Арчи“, а принцот Хари додал дека станува збор за „многу непријатен разговор“ и дека е „шокиран“.

Двајцата не прецизирале кои членови на кралското семејство го покренале ова прашање, но Винфри рекла дека тие потврдиле дека не биле вмешани ниту кралицата Елизабета Втора, ниту нејзиниот сопруг, принцот Филип.

„Хари ми го рече тоа и ме замоли ако можам да споделам со другите медиуми, дека ниту неговата баба ниту неговиот дедо не учествувале во такви разговори. Тој не ми кажа за кого станува збор, а се обидов да дознаам пред камерата, но и по интервјуто“, соопштила водителката.

Да потсетиме, принцот Хари и Меган Маркл ја разбрануваа светската јавност со интервју во кое раскажуваа досега непознати детали за тоа зошто го напуштиле кралското семејство и се преселиле во САД.

На изјавата за новата загриженост поради бојата на кожата на Арчи реагирала и министерката за детски права на Велика Британија, Вики Форд.

Слични содржини