Откако американските сили се повлекоа од авганистанската база Баграм, продавниците наводно продавале украдени предмети од таа воздушна база.
Можат да се видат цели комплети алати, опрема за во теретани и други предмети.
„Купив чевли, патики и облека од Баграм, кои ги зедоа Авганистанците кои работеа во базата“, рекол сопственикот на една локална продавница, Абдул Хаким.
Повлекувањето на силите на НАТО од Авганистан се одвива со полна пареа. Земјата што ја напуштаат е далеку од стабилна демократија. Талибанците и натаму контролираат големи делови од неа. Уште еднаш, по којзнае кој пат, западните политичари и стратези мораа да увидат дека политичката култура во еден регион не се менува на копче. Она што добри звучи во теорија, како на пример во 2004 донесениот напреден и на изглед либерален авганистански Устав, во пракса речиси и да не се почитува.
„Повлекувањето на САД е катастрофа за народот на Авганистан. Во 2001 година многумина се надеваа дека Америка би можела да стави крај на тамошната 20-годишна граѓанска војна и да ги ослободи од загушувачката теократија. Во текот на извесен период изгледаше дека тоа би можело да се оствари. Но денес, Авганистанците се соочуваат со поголема неизвесност отколку кога било претходно. Америка никогаш не можеше да ги реши сите проблеми на Авганистан, но оставајќи ја државата во оваа состојба е отрезнувачки пораз“, заклучува „Економист“.