Општа навала за гориво: Граѓаните повторно ги опседнаа бензиските пумпи

од Nikola Popovski
327 прегледи

На бензинските пумпи во Скопје и останатите градови во Македонија, синоќа повторно се формираа колони и гужви откако беше најавено дека бензинот од полноќ ќе поскапе за 5,5, а дизелот за 10 денари.

Според ценовникот што го донесе Републичката комисија за енергетика (РКЕ), новата цена на Еуросупер БС95 е 89,5 денари, Еуросупер БС98 е 91,5 денари, додека дизелот од полноќ чини 85,5 денари.

Ваквата одлука е донесена поради рекордниот раст на нафтата и дериватите на светските берзи, велат од РКЕ и додаваат дека во иднина наместо еднаш неделно, како досега, можно е да се носат одлуки одлуки на дневно ниво за цените на нафтените деривати, доколку берзанските цени имаат значителни промени.

-Овој принцип ќе се применува секогаш во состојби на екстремни дневни промени на берзанските цени, вели Марко Бислимовски во изјава објавена од РКЕ.

Претходно, налетот на граѓаните кон бензинските пумпи, во четврток, на 3 март, беше предизвикан од информациите што се проширија на социјалните мрежи за наводен недостиг на гориво и дека тоа енормно ќе се зголеми. Тогаш дел од граѓаните покрај возилата, полнеа и канистери и буриња со гориво.

Слични содржини