Општа паника во Москва, се евакуираат 10.000 луѓе

од desk2
105 прегледи

Повеќе од 10.000 луѓе се евакуирани од трговски центри, железнички станици и од универзитетот во Москва, по дојавата дека на тие места има поставени бомби.


„Се евакуираат 20 места, повеќе од 10.000 луѓе се изведени надвор, а точниот број не е потврден“, вели извор од итните служи за ТАСС.
Според него, веројатно во прашање е телефонски повик со дојава за тероризам и ќе треба да се провери.
Повиците почнале симултано и продолжиле за време на евакуцијата.

Итните служби соопштија дека специјалистички одреди се на лице место, а дека полицајците водат кучиња и ги пребаруваат зградите, пишува „Раша тудеј“.

Меѓу локациите се три најголеми железнички станици во Москва, повеќе од 12 трговски центри, еден во близина на Црвениот плоштад и најмалку еден универзитет.