20
Општина Аеродром ги повикува пензионираните сограѓани да се вклучат во вршење јавни работи во текот на 2025 година. Оттаму велат дека можете да се пријавите доколку сте пензионер и сакате да придонесете за почиста и поурбана општина.
Според општината, ангажманот вклучува одржување хигиена, уредување зеленило и чистење јавни површини. Работниците исто така зимно време ќе треба да чистат снег од јавните површини во Аеродром.
Дел од медиумите објавија дека ангажираните лица ќе добиваат дневница од 850 денари.