Општина Аеродром изрече казна од 1300 евра за камиони кои се движеле по коловоз со нечисти гуми

Контроли на градилиштата во Aеродром - изречена глоба од 1300 евра

од Nikola Popovski
27 прегледи Фото: Општина Аеродром

Општина Аеродром спроведува засилен инспекциски надзор, при што е изречена глоба од 1.000 евра за компанија и 300 евра за одговорното лице, поради прекршување на Законот за јавна чистота, информираше денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

„При извршена контрола на градилиште во близина на СУГС „Димитар Влахов“ на булевар „Трета македонска бригада“, инспекторите утврдија дека градежни возила се движеле по коловоз со нечисти гуми, со што се нарушува чистотата на јавните површини и се создава дополнително загадување“, посочи Митески.

Тој вели дека Општината нема да дозволи несовесно постапување и дека прекршувањата ќе се санкционираат строго и без исклучок. Исто така за наредниот период најави дека ќе продолжат и дополнително ќе се интензивираат контролите на сите активни градилишта.

„Особено внимание ќе се посвети на: Почитување на мерките за заштита на животната средина, Спречување на загадување и несоодветно одлагање отпад, Одржување на чиста и безбедна околина околу градилиштата и Заштита на јавните површини од узурпација, нагласува градоначалникот, кој воедно апелираше до сите изведувачи и инвеститори да ги исполнуваат своите законски обврски.

Слични содржини