Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески информираше дека во изминатите три дена успеале да соберат 24 тони комунален отпад (над 170 м³) од домаќинствата во Аеродром, работа која градското комунално претпријатие не ја извршило.
„Ова беше возможно само благодарение на ангажманот и трудот на работниците на ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром. Сепак, свесни сме дека поради оваа вонредна ситуација можеби беа запоставени редовните активности: чистење на плочници, тротоари и сервисни улици, косење, гребење и уредување на зеленилото, празнење на кантите за џебен отпад, собирање на лисја, гранки и на неколку места и кабаст отпад“, вели Митески.
Тој им се извини на сите жители за непријатностите и побара разбирање.
„За целата состојба поднесовме и кривична пријава до МВР и Основното јавно обвинителство за загрозување на животната средина. Ова не е само прашање на отпад – ова е прашање на достоинство, здравје и иднина, посочи Митески.