Преку поставување на нови филтри на оџаците во индивидуалните домаќинства и засадување на нови дрва, како и чистење на депониите градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин ќе го решава проблемот со аерозагадувањето. За почист воздух во буџетот за 2018-та година се одвоени 325 илјади евра, информира ТВ24.

Ќе се набават и филтри за прочистување на воздухот во градинките. Дополнително, инспектори на општината ќе работата во две смени за да ги ловат загадувачите.
„Прво ќе биде чистењето на депониите и засадување на нови дрва, филтри на оџаците на индивидуалните домаќинства сега сме во преговори со експерти од таа област кои ќе бидат најделотворни во краток рок. Веќе започнавме со чистење на депониите и за разлика од изминатите години кога буџетот беше милион денари, сега го зголемивме за 20 пати и сега ќе имаме 20 милиони денари кои ќе ги инвестираме за почист воздух.“ – вели Златко Марин – градоначалник на општина Аеродром.
Од коалицијата О2 за почист воздух велат дека ограничувањето на сообраќајот и зголемувањето на зеленилото се само дел од мерките кои можат да придонесат за почиста животна околина и намалување на загадувањето.
„Со овие згради е задушено Скопје, нема провев, а самиот провев не е решение. Барем 20-30% ги намалува проблемите и за греење, ладење и загадување. Зеленилото собира тон ипол хектар прашина годишно. Ние не го негуваме тоа, го уништуваме.“ – вели Јован Мазгански – Коалиција О2.
На прагот на зимата податоците за загадувањето алармантни. Според информациите од терен дури 139 денови жителите на Гази Баба и Ново лисиче дишат загаден воздух а концентрацијата на ПМ10 честичките во воздухот е неколкукратно над дозволеното. Слични се мерењата во Карпош како и во Центар.
Зборови кои не се пронајдени во базата: