Општина Аеродром забрани работа на два локали

Општината соопшти дека изрече забрана за работа на два угостителски објекти на нејзина територија, но не ги објави имињата на локалите

од Nikola Popovski
13 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Општина Аеродром

Општина Аеродром соопшти дека изрече забрана за работа на два угостителски објекти на територија на општината, но не ги објави имињата на објектите.

Во соопштението од општината се наведува дека инспекциските служби, по пријави од граѓаните, излегле на терен и извршиле инспекциски надзори.

-Констатирано е дека локалите не се придржувале до законските прописи, па затоа е донесена оваа санкција. Доколку не ги почитуваат законите и прописите за работа, ќе следуваат и кривични пријави.

Инспекциските служби продолжуваат со интензивни контроли на угостителските и туристички објекти, особено во вечерните и ноќните часови, порачаа од Општината предводена од Дејан Митески.

Апелираат до граѓаните доколку забележите неправилности во работењето на угостителските објекти, веднаш да пријават на следниот мејл: [email protected]