Општина Бутел и МВР одзедоа узурпирано државно земјиште

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Општина Бутел и МВР денеска во координирана акција одзедоа узурпирано државно земјиште, кое се наоѓа на територијата на општината. Против лицето кое бесправно го узурпирало земјиштето, од локалната самоуправа ќе поднесат кривична пријава.

– Никој не е над законот. Утрово, заедно со инспекциските служби на општина Бутел, во координација со Министерството за внатрешни работи се постапи согласно закон, при узурпација на државно земјиште. Отстранета е ограда поставена на државно земјиште, најверојатно за плац за продавање на автомобили, соопшти градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.

Тој упати апел до сите граѓани на општината, да ги почитуваат законите и нагласи оти е должен бескомпромисно да се бори за еднакви услови за сите и неселективно спроведување на прописите.

Слични содржини