Општина Бутел ќе дели по 2000 денари еднократна помош за пензионерите со најниски пензии

Исплатата ќе биде по принцип „прв дојден - прв услужен“

од Nikola Popovski
9 прегледи Фото: Локално

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информира дека Општина Бутел објавува повик за доделување на финансиска помош за најранливата категорија на пензионери од нивната општина.

„Објавуваме Јавен повик за доделување на еднократна финансиска помош и поддршка во висина од 2.000 денари на најранливата категорија на пензионери со минимална пензија. Јавниот повик е отворен од 03.02.2026 до 24.02.2026 година, информира Костовски во објавата на Фејсбук.

Потребната документација може да се достави секој работен ден во просториите на Општина Бутел, од 09:00 до 15:00 часот.

Право на финансиска поддршка ќе остварат: граѓани кои имаат постојано живеалиште на територија на Општина Бутел; приматели на старосна, семејна или инвалидска пензија чијшто износ не е повисок од 22.547 денари.

Костовски посочи дека исплатата ќе биде по принцип “прв дојден – прв услужен”.

„Продолжуваме со грижата за нашите најстари граѓани“, порача градоначалникот.