Општина Центар со свои ресурси помага во гасењето на пожарот во Чучер Сандево

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Општина Центар со своето јавно претпријатие ПОЦ активно се вклучи во гасењето на големиот шумски пожар во Чучер Сандево. Во акцијата се ангажирани вработени на ПОЦ и цистерна на Општина Центар, како дел од координираниот одговор на институциите за справување со огнената стихија.

Градоначалникот Горан Герасимовски, упати апел до сите граѓани да бидат совесни и претпазливи.

„Во ситуации како оваа, најважни се вниманието, дисциплината и одговорноста. Ги повикувам граѓаните да бидат совесни во овие жешки денови и да се придржуваат до сите препораки на службите и не преземаат ризични активности во опожарените подрачја”, порача Герасимовски.

Поради сериозноста на состојбата, Општина Чучер Сандево прогласи вонредна состојба, а во акцијата на гасење на огнот се вклучени и хеликоптери и теренски екипи од повеќе институции.

Општина Центар останува мобилизирана и подготвена да помогне, со сите свои расположливи ресурси, сѐ додека пожарот не биде ставен под целосна контрола.

Слични содржини