Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, на средбата со раководителите на сектори дискутираа за проектите што е предвидено да се реализираат во наредните четири години.
Тој најави дека, во месец ноември ќе се одржат буџетските форуми кадешто граѓаните се добредојдени да дадат што поголем број на идеи и предлози за развој на општината.
„Буџетските форуми поминаа искрено одлично со голема посетеност, но и заинтересираност од страна на жителите. Ноември месец се токму за нив. Добредојдени се граѓаните да ни дадат што поголем број на предлози и идеи за да ги ставиме во новата програма и ги преточиме во буџетот”, рече Герасимовски.
Герасимовски, истакна дека завршена е постапката за уредите за мерење на бучава.
„Предлагам истите да почнат што поскоро да се поставуваат. Ако можеме уште од оваа недела да се поставуваат на 30 локации, да видиме кои ни се оние ударни локации кадешто граѓаните најмногу се жалат за бучава во ноќните часови. Според бројот на пријави и поплаки од жителите и таму да се постават”, посочи Герасимовски.
На состанокот со вработените во општината, тие разговараа и за хортикултурното и партерно уредување на плочникот кај Зелен пазар. Тој, потенцираше дека на оваа локација улица нема да има, туку ќе се реконструира кошаркарското и детското игралиште, ќе има ново зеленило. Герасимовски, изјави дека ветувањето е дека до месец мај мора да се заврши.
Во однос на хигиената, Герасимовски порача дека хигиничарите се секојдневно на терен и ќе преземат се’ што треба за да нема смет по улиците.
„Гледаме дека градот почна, односно има ветувања дека ќе почне со расчистување на сметот, но ние нема да го чекаме градот, како и досега си продолжуваме. И од сабајле, и ги слушаме и ги гледаме нашите хигиеничари. Имавме доста проблеми викендов што не се чистеа подземните контејнери, па работеа и сабота и недела, но Центар мора да биде чист, нема да го чекаме градот, туку сами ќе се превземаме се што треба за да немаме смет по улиците”, додаде Герасимовски.