Општина Центар започна со пролетна дератизација, се третираат 2000 шахти против глодари

Дератизацијата се спроведува два пати годишно - во пролет и во есен

од Nikola Popovski
11 прегледи Фото: Општина Центар

Општина Центар ја започна редовната пролетна дератизација на целата територија, како дел од мерките за одржување на високо ниво на јавна хигиена и заштита на здравјето на жителите.

Во рамки на акцијата, што ја спроведуваат стручни екипи, се третираат околу 2.000 шахти, каде што се поставуваат специјални мамци за контрола и уништување на глодари. Дератизацијата се спроведува два пати годишно, во пролет и во есен, како важна превентивна мерка за планско намалување на популацијата на штетници и заштита на јавното здравје.

„Со превентивна и систематска дератизација придонесуваме кон сузбивање на штетните глодари кои можат да претставуваат здравствен и хигиенски ризик. Целта ни е зачувување на здрава и чиста животна средина”, порача градоначалникот  на Општина Центар Горан Герасимовски.

Препаратот што се користи е селективен и сертифициран од овластен производител, специјално наменет за контрола на популацијата на глодари.