Општина Чаир реагира: Нападнати сме, Арсовска се претвора во извршител на сомнителни политички агенди

од Nikola Popovski
118 прегледи

Општина Чаир реагираше на обвинувањата што градоначалничката на Градот Скопјe, Данела Арсовска, ги упати кон нив и градоначалникот Висар Ганиу во врска со легализацијата на станбените објекти. Оттаму велат дека Општината е нападната и жалат што Арсовска во последните месеци од нејзиниот мандат на чело на Градот Скопјe, наместо да се фокусира на презентирање на работата што ја сработила во изминатите четири години, дозволила да биде инструментализирана и претворена во извршител на сомнителни политички агенди, кои, не случајно, го избрале Чаир и неговите жители за да ги водат своите последни политички битки.

„Граѓаните очекуваа г-ѓа Арсовска да биде глас на умереноста, мост и промотор на дијалогот меѓу поларизираните партии. Како независен градоначалник на градот, нејзиниот глас треба да биде во служба на граѓанинот во неволја, а не на политичките партии, на процесот на легализација како елементарна неопходност, а не како луксуз. За жал, г-ѓа Арсовска дозволи нејзиниот авторитет да биде осквернавен со трансформирање во паравоена организација која дејствува спротивно на законот и надвор од овластувањата што ѝ припаѓаат со закон.

Јавно ја прашуваме г-ѓа Арсовска: чија агенда ја спроведувате? Кого се обидувате да спасите од правдата со создавање кризи таму каде што нема?

Чаир и жителите на Чаир се сеќаваат и на времињата кога официјалната политика го претвори Чаир во гето, додека жителите на Чаир во граѓани од втор ред. За овој напад врз Чаир, сторителите многу брзо ќе добијат одговор“, се вели во соопштението на општина Чаир.

„Ловот“ на дивоградби во општината од страна на градоначалничката на Скопје, го забележаа и во Јавното обвинителство. Основното јавно обвинителство информира дека утринава до скопското обвинителство е доставено известување од страна на Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје за конкретниот случај, за кој веќе се постапува.

Слични содржини