Општина Гевгелија со најниска стапка на невработеност во Македонија

од Vladimir Zorba
125 прегледи
Општина Гевгелија има највисока стапка на вработеност во Македонија, споредено со другите општини, потврдуваат последните податоци од Агенцијата за вработување во Гевгелија.
134615
Од Агенцијата денеска соопштија дека се евидентирани 8.679 вработени и оти стапката на вработеност изнесува 77, 29 отсто и е највисока во земјава.
Истовремено, општина Гевгелија се наоѓа на последното место според стапката на невработеност која изнесува 6,82 отсто. Од Агенцијата посочуваат дека уште се евидентирани 766 невработени лица, од кои 303 се жени.
Најголемиот дел од невработените лица или 439 се со основно образование, 196 се со средно, 18 имаат вишо образование, 106 се со високо образование, а седум се магистри.