Општина Гостивар ќе донира по 1000 евра за секое семејство што ги загуби своите најблиски во пожарот

од Nikola Popovski
167 прегледи

Како соседна општина но особено како луѓе кои се шокирани од трагедијата во Тетово, денес преку Советот на општината, од нашиот Буџет одвоивме илјада евра за секое семејство кое пред два дена ги загуби своите најблиски, соопшти градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.

Тој им се заблагодари на сите советници за покажаната солидарност, кои покрај тоа што едногласно го поддржале неговиот предлог, заедно со него го донирале паушалот што го добиваат како советници.

-Господ нека им ја олесни болката на семејствата погодени од оваа трагедија, објави Таравари.
Денес е втор ден на жалост по страотниот пожар во модуларната болница во Тетово во кој 14 лица ги загубија животите.

Слични содржини