Општина Карпош најави дека ќе го напушти ЗЕЛС – Јакимовски тврди дека министри се однесуваат како одврзани кучиња

од Nikola Popovski
44 прегледи

Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски најави дека локалната власт под негово раководство ќе ја напушти организацијата ЗЕЛС. Се пожали дека „она што го прават министрите од Владата на премиерот Христијан Мицкоски е однесување како на одврзани кучиња“. Како пример го посочи односот со неговиот колега од Струмица, Костадин Костадинов.

-Има ли позаинтересиран од градоначалникот во неговата општина да има чиста вода за пиење? Кој е овој однос на министерот за земјоделство? Наместо да му помогне на градоначалникот, гледајте што прави…Еве зошто претседателот на ЗЕЛС не треба да биде од истата владеачка партија? За да ги штити интересите на локалната самоуправа. Тука нема висока политика. Со ова треба да ги запознаеме сите амбасади и како функционира оваа власт. Мене ме повика колегата Орце Ѓеорѓиевски да се сретнеме и да, сакам да се сретнеме. Малку доцни со желбата, но треба да се сретнеме, кажа Јакимовски на прес-конференција.

-Или ќе го корегираат својот однос или нема зошто да бидеме дел од тие институции. Се уште опстојуваат на тоа да не се усвојуваат програми. Не добиваме од тоа ако се караме. Владата мора да го промени односот кон општините кои се опозициски и кои се околу дваесетина, додаде градоначалникот.

Слични содржини